Makveld
Хала Магна, Штип
Хала Магна, Штип
Хала Магна, Штип
Full 1
(СЕГ) Skopje East Gate Mall
Full 1
Makveld
Хала Маквелд, Скопје
Makveld
Full 1
Стадион Цетиње, Црна Гора
Full 1
Full 1
520m мост Албанија
Full 1
Full 1
Пливачки базен Охрид
Full 1
Full 1
Хала Johnson Controls, Струмица
Full 1
Full 1
ЦНЦ линија за дупчење, сечење и виткање на профили
Full 1
previous arrow
next arrow

ЗА НАС

МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ доо Битола е друштво за проектирање, призводство и монтажа на челична конструкција и опрема, како и услугите поврзани со нив.


Основен показател за успехот на МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ е брзиот и траен раст, постојаниот развој и динамичност. 

+ 1
ИЗРАБОТЕНИ КГ ЧЕЛИК
+ 1
БРОЈ НА ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
+ 1
БРОЈ НА ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ

УСЛУГИ

Основен производ на друштвото претставува челичната конструкција, која е носечки конструктивен елемент или потпорен конструктивен елемент при обликување на објекти, на внатрешноста на згради и при вградување опрема.

Услугите претставуваат дополнителна програма во состав на основната дејност, каде на партнерите, кооперантите и произведувачите им даваме услуги кои им се потребни при изведување на своите работи, особено на машинството.

Изработката на челични конструкции на индустриски и термоенергетски објекти во сите фази, по системот “клуч на рака”. За остварување на овие активности фирмата располага со стручни и изведувачки тимови од сите области на делување.

Произведуваме елементи за енергетскиот сектор потребни како за редовно одржување и ремонти на термоенергетски постројки и објекти, така и за изградба на нови капацитети и модернизација на постоечките.

Произведуваме челични конструкции по нарачка, согласно проектната документација на инвеститорот и според спецификацијата на купувачот во поглед на димензии, дизајн, избор на материјал, систем на антикорозивна заштита (пескарење и боење) и останато, каде, може да, е вклучена и услугата на монтажа, сервис и идејно решение по барање на инвеститорот.

Антикорозивната заштита како процес на подготовка на површините (пескарење, премачкување), го изведуваме на линиската пескарна машина и процес на нанесување на антикорозивни слоеви (боја, лак).
Изведуваме еднокомпонентни (алкидни) и двокомпонентни (епокси, полиуретан) заштитни слоеви, како и посложена антикорозивна заштита (на пр. додаток на цинк, алуминиум). Кај посебните барања за пожарна сигурност изведуваме и противпожарна заштита на челичната конструкција.

Изведуваме монтажа на делови и во најсложени услови, каде што успешно се справуваме со многу ограничувања. Монтажните екипи се оспособени и опремени за работа на терен.

Во состав на монтажата извршуваме монтажа на различни кровни и фасадни системи, што е комплементарно со програмата за производство и монтажа на челичните конструкции во градежништвото. Синергискиот ефект од овие дејности е во надградбата на истите, во смисла на целосно решение при изведбата на објекти, кое ја зголемува конкурентската предност на друштвото.
Изработуваме кровни и фасадни системи со:
• изолациски панели (полнети со камена волна), кои се користат кај високо противпожарни услови;
• изолациски панели (полнети со полиуретан или стиропор), кои се користат кај високо топлотно-изолациски услови, каде нема посебни противпожарни барања;
• кровни покриви испрскани против кондензација, кои се користат во случаи каде нема потреба за топлотна изолација и покриеното подрачје е вентилирано;
• плочести кровни покриви, кои се користат за наједноставни кровови без посебни барања;
• составен кров (трапезна носечка плоча, изолација-камена волна, завршен слој од ПВЦ фолија или битумен), кои се користи кај рамни кровови, системот ги исполнува најбараните критериуми.
Во склоп на производството изработуваме и кровно-лимарски работи (олуци, снегодржачи) кои ги вградуваме на објектите.

ПРОЕКТИ

МОНТИНГ

СЕРТИФИКАТИ

РЕСУРСИ

Производна хала

Главната работилничка површина е хала со димензии 90m х 65m и соседниот простор за пескарење и платформа за одлагање и земјиштето пред неа со вкупна површина од околу 34.000m2, со сопствена трафостаница и котлара за греење. Халата е четири бродна со 10 мостовски кранови со носивост од 5t, 12,5t, 25t и 10t. Работните простории на фирмата технички овозможуваат изработка на производи од сите потребни димензии.

На другата страна од производната хала се наоѓа комората за фарбање и просторот за одлагање на готовите производи.

До производната хала се наоѓа отворен простор за складирање на суровинина на кој е поставен портален кран со носивост од 25t.

На дел од платото за суровини монтирана е пескара за извршување на антикорозивна заштита, што претставува еден од клучните процеси во производството на метална конструкција.

Управната зграда опфаќа 1.200 m2 корисна површина, каде приземјето е резервирано за соблекувални и санитарии за работници.

Опрема

Во производствениот процес се користат:

  • ЦНЦ линија за дупчење и сечење на профили
  • ЦНЦ плазма сечење
  • Гасно сечење
  • Линија за пескарење
  • Машини за свиткување на профили
  • Машини за свиткување на лимови
  • Линии за заварување
  • Апкант преси
  • Машински ножици
  • Борверг
  • Глодалки
  • Машини за дупчење
  • Рендисалки
  • Стругови
  • Хидраулични преси
  • Радијална дупчалка
  • Апарати за заварување
  • Апарати за заварување можданици
  • Компресори
  • Комора за фарбање
  • Вилушкари
  • Портален кран 25 t.
  • Мостовски кранови 5 - 10 t.
  • Автодигалки, камиони и друга опрема

КОНТАКТ МОНТИНГ

Скенирајте го кодот и стапете во контакт со нас: